ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Кандидатите“ за Чаир не знаат дека се кандидати

Тројцата кандидати Беким Незири, Ардијан Муча и Абдулселам Селами за кои се шпекулира дека ќе се натпреваруваат за претседател на огранокот на ДУИ во Чаир немаат конкретни одговори дали ќе влезат во трката. Велат дека не се официјално информирани дека воопшто ќе има избори и се воздржуваат од коментар. Алсат телефонски контактираше со поранешниот министер за економија, Беким Незири, кој рече дека за такво нешто не бил ниту информиран ниту контактиран од партијата, исто како и поранешниот директор на Дирекцијата за паркови и зеленило, Ардијан Муча. Единствено Абдилселам Селами, директор на Бирото за метрологија, признава дека ќе има избори во Чаир, но според него, шефот на огранокот ќе треба да има поддршка од првиот човек на ДУИ и граѓаните на Чаир.

„Факт е дека ќе има регуларни избори во огранокот Чаир, шеф на огранокот ќе биде оној кого граѓаните на Чаир ќе го сакаат и ќе ја има безрезервната поддршка од нашиот претседател Али Ахмети, бидејќи тој е тој што одлучува кој во ДУИ ќе биде прв човек на огранокот“, рече Абдилселам Селами, ДУИ.

Новинар: Ако ви биде понудена оваа задача, дали ќе ја прифатите?

„Не сум размислувал за тоа“, додава Селами.

Деновиве во јавноста кружат информации за смена на партиските функционери кои се дел од фракцијата во ДУИ, таканаречена „Огнена група“. Впрочем, гласови во јавноста велат дека огранокот ќе премине во рацете на поранешниот министер Незири. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е актуелен претседавач со огранокот, за Алсат изјави дека групата на Артан Груби поддржана од Али Ахмети прави антистатутарни постапки. Меџити рече дека овие постапки се доказ дека ДУИ е влезена во длабока анархија и додаде дека со едноставна иницијатива пред Управниот суд, ДУИ ќе остане без статут и без партиски органи.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button