СПОРТ

Карлос Алкараз се повлече и од турнирот во Барселона

Карлос Алкараз го откажа своето учество на турнирот во Барселона кој почнува утре. Проблемот е ист како пред турнирот во Монте Карло – болки на надлактицата на десната рака поради што не може да ја удира топката како што сака.

Неговото откажување значи дека ќе остане без 500 бода затоа што во Каталонија ја брани титулата освоена лани.

Ваквиот развој на настаните значи дека Алкараз многу веројатно на „Ролан Гарос“ ќе влезе како трет носител бидејќи Ѓоковиќ е неприкосновен на првото место, а шпанецот ја брани титулата и во Мадрид каде, исто така, е неизвесно неговото учество.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button