СВЕТ

Катар објави дека Израел и Хамас „не се блиску до договор“ за прекин на огнот во Газа

Катар објави дека Израел и Хамас „не се блиску до договор“ за прекин на огнот во Газа

Израел и Хамас, организација која Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја означија како терористичка, не се блиску до договор за запирање на борбите во Газа и ослободување на заложниците, рече катарскиот посредник на 12 март, предупредувајќи дека ситуацијата и натаму е „многу комплицирана“.

И покрај неколкунеделните преговори на кои учествуваа американски, катарски и египетски посредници, сè уште нема примирје и размена на заложници кон кои тие се стремеле.

„Не сме блиску до договор, што значи дека не гледаме дека двете страни се приближуваат кон јазик што може да го реши сегашното несогласување околу спроведувањето на договорот“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.

Сите страни „продолжуваат да работат на преговорите за постигнување договор, се надеваме дека за време на Рамазан“, рече Ансари на прес-конференција./RSE

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button