ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите сè уште калкулираат за носителите на изборните листи

Партиите сè уште калкулираат за носителите на изборните листи

Фокусирајќи се главно на претседателските избори, не сите политички партии ги објавија имињата на носителите на листите за парламентарните избори на 8 мај. СДСМ вчера ги стави предлозите на маса на состанокот на раководството на партијата. Од СДСМ ќе одат со верзијата двајца паралелни носители на листи. Но, оттаму не ги потврдуваат имињата, освен на поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Тој ќе биде носител на листата во првата изборна единица. Неофицијално, Сања Лукаревска и Фатмир Битиќи се очекува да ја предводат листата во двојката. Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, се очекува да биде носител во третата, а се шпекулира дека Венко Филипче се враќа во политиката како носител во четвртата единица заедно со Јована Тренчевска. Министерката за одбрана Славјанка Петровска се очекува да биде носителка во Полог, односно во шестата единица. Меѓу имињата кои можат да ги пополнат празните места на носители се Јован Митревски, Бисера Костадинова, Миле Зечевиќ и коалицискиот партнер Моника Зајкова.

СДСМ
1. Димитар Ковачевски и …
2. Сања Лукаревска и Фатмир Битиќи
3. Оливер Спасовски и …
4. Венко Филипче и Јована Тренчевска
5. /
6. Славјанка Петровска и …

Во ВМРО е појасно. Христијан Мицкоски за првпат влегува во листите со кандидати за пратеници како носител и тоа во изборната единица број еден. Во втората ќе биде потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, во третата пратеникот Драган Ковачки, во четвртата Александар Николовски, а во шестата пратеничката Дафина Стојановска. Партијата сé уште нема донесено одлука кој би ја предводел листата во петтата изборна единица.

 ВМРО-ДПМНЕ
1. Христијан Мицкоски
2. Владо Мисајловски
3. Драган Ковачки
4. Александар Николовски
5. /
6. Дафина Стојановска

Дел од носителите ги потврдија и од албанската опозициска коалиција „Вреди“. Веќе е познато дека лидерите на коалициските партии ќе бидат на врвот на листите, меѓу кои Изет Меџити во изборната единица број еден, Африм Гаши во број два, Биљал Касами во шестката и кадар на Алијанса за Албанците во изборната единица број пет.

„ВРЕДИ“
1. Изет Меџити
2. Африм Гаши
3. /
4. /
5. Кадар на Алијанса за Албанците
6. Биљал Касами

Од ДУИ засега нема никакви информации, па сè се сведува на шпекулации. Се зборува и дека е можна заедничка коалиција на партијата на Ахмети со делот од Алијанса за Албанците кои се на страната на Зијадин Села, потоа со партијата Народ на Скендер Реџепи, со Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и со ДПА на Мендух Тачи. Дел од овие лица се споменуваат и како потенцијални носители на заеднички листи. Формално сите партии, односно коалиции, официјалните листи со кандидати треба да ги достават до ДИК најдоцна до 2 април, односно 35 дена пред изборите. Изборната кампања за парламентарните избори започнува на 18 април./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button