ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ученици не одат на часови поради рамазанските пости, реагираат наставниците

Ученици не одат на часови поради рамазанските пости, реагираат наставниците

Со почетокот на месецот на постот, значителен дел од учениците почнаа да не доаѓаат редовно на училиште, велат наставниците во некои од нив. Имено, на првите часови од наставата имало отсуства од утринската смена, додека оние од попладневната смена го напуштаат последниот час за да пристигнат пред ифтар во своите домови.

Дури и во затворени групи на социјални мрежи, наставниците ги предупредуваат родителите, а класните раководители алармираат дека им е преполовен бројот на ученици. Наставниците велат дека други околности не треба да влијаат врз наставата.

„Сметам дека треба да се почитува распоредот на настава, не ни требаат кратења бидејќи ова е секоја година и непотребно е децата да излегуваат порано. И така отсуствуваа за многу празници, па мораме да бидеме редовни и да ја спроведуваме наставата според програмата како што е во распоредот“, рече Елвана Беќири, наставничка.

Од Министерството за образование велат дека нема промена во образовната програма и не е дозволено скратување на наставните часови. Тие дури ги повикуваат родителите да внимаваат на своите деца бидејќи секое отсуство ќе биде неоправдано. Министерот Јетон Шакаири вели дека најголема вредност за месецот Рамазан ќе биде целосното придржување кон учењето.

„Најдоброто нешто што го има нашата религија е читањето и учењето. Поради тоа тргнувајќи од ова, апелирам до сите наставници да ги почитуваат распоредите за децата да не губат настава. Кога бев ученик, со календарското движење на Рамазан, правев ифтар во училница, паузиравме 15 минути за да јадеме и ќе продолжевме со часот“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

И Исламската верска заедница не го оправдува отсуството на учениците во училиштата за време на месецот Рамазан. Во нивниот официјален одговор, раководството на ИВЗ, ги критикуваат возрасните кои остануваат до доцна во ноќта за сифир и ги оставаат своите деца без спиење, што, пак, ги намалува перформансите во учењето, па дури и ги зголемува нивните отсуства од настава. Тие повикуваат на редовно образование, бидејќи целта на религијата е да се победи мрзливоста и да се зголеми образованието во општеството./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button