ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казни за 504 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  санкционира 504 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 45 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што информира МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат,  заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button