ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клековски: Силјановска не може да биде претседател без гласовите на Албанците

Клековски: Силјановска не може да биде претседател без гласовите на Албанците

Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска Давкова не може да победи на изборите без гласовите на Албанците, вели Сашо Клековски од истата партија. Во интервју за Алсат, Клековски рече дека за победа на Силјановска не се доволни само гласовите на ВМРО.

“Професорката Гордана Силјановска Давкова ако сака да победи мора да придобие гласови од етнички Албанци, како што градоначалникот на Гостивар или Тетово му требаат гласови на етнички Македонци, етнички Турци. Кога ве бираат во мнозински систем сопствените гласачи не се доволни за победа. Јас сум во очекување дека кампањата на Гордана Силјановска ќе го земе тоа во предвид и морам да кажам дека Гордана Силјановска не е истиот кандидат како пред 5 години. Таа е побогата со политичко-партиско искуство во Собранието. Таа комуникација во Собранието овозможува подобро запознавање на разните политички фактори во земјата и мислам дека сега е кандидат со многу поголемо политичко и партиско искуство од колку претходно”, рече Сашо Клековски од ВМРО ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button