ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клековски: ВМРО бара 61 пратеник за да ја затвори владината врата за ДУИ

Клековски: ВМРО бара 61 пратеник за да ја затвори владината врата за ДУИ

ВМРО ДПМНЕ нема да го почитува принципот “победник со победник” доколку го добие мандатот за формирање на новата влада, бидејќи ДУИ на претходните избори го прекршила ова правило. Сашо Клековски во интервју за Алсат рече дека имаат минимални контакти со ДУИ и дека за нив посакуван партнер е албанската опозиција.

“Меѓу другото бараме силни бројки за да ја затвориме вратата за разговори со ДУИ и таа да остане отворена само за ВЛЕН. Секако прво сите треба да скокнеме па да речеме хоп. Во основа неколку пати и раководството и јас на повеќе наврати, сме повторувале дека опција за нас е албанската опозиција”, рече Сашо Клековски во интервју за Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button