ВЕСТИРЕГИОН

Косовската полиција негира дека нејзини припадници претепале тројца Срби

Косовската полиција негираше дека нејзини припадници претепале тројца Срби во близина на преминот Брњак. Косовската полиција во соопштението вели дека информациите се неточни и имаат за цел „да ја дезинформираат јавноста, да ја направат ситуацијата небезбедна за граѓаните и да исполнат различни политички амбиции надвор од Косово“.

„По официјалните проверки, таквите информации се покажаа како невистинити, бидејќи на граничниот премин немаше запирања или контакт со ниту еден демонстрант, но полициската единица провери три камиони, односно нивните возачи, кои возеа зад полицискиот конвој, загрозувајќи ја безбедноста на полициските операции“, објави косовската полиција, наведувајќи дека „полициските службеници приведоа, проверија, а потоа ослободија тројца косовски возачи, на кои им беше наложено да се пријават во полициската станица во Јужна Митровица“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button