ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: „На едната страна е ДУИ, а на другата кандидат кој два пати ги победил“

Ковачевски: „На едната страна е ДУИ, а на другата кандидат кој два пати ги победил“

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју вечерва за Алсат рече дека неговата коалиција ќе освои 61 пратеник и повторно ќе ја формира владата. Тој зборуваше и за случувањата во албанскиот блок, за каде рече дека ДУИ за првпат се соочува со албанска опозиција и со кандидат за претседател кој покажал дека знае да ги победува противкандидатите од ДУИ.

„Сега за прв пат имаме сериозна кампања помеѓу две албански политички партии, на една страна ДУИ која што е голема политичка партија, којашто има сериозна организација 20 и кусур години е на власт и на друга страна имаме обединета албанска опозиција којашто има претседателски кандидат којшто два пати успеал да победи сам противкандидати на ДУИ во општината Гостивар. И затоа велам дека оваа кампања ќе се разликува. Вие гледате дека имаше неколку обиди за вметнување на клучно национални теми коишто не поминаа, завршија за 5 минути, затоа што граѓаните сакаат да видат јасна определба кој за што е и каков животен стандар им нуди за во иднина,“ изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button