ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски, средба на коалициските партнери

Ковачевски, средба на коалициските партнери

Коалициските партнери од власта денеска во 13 часот во Владата ќе одржат средба, на која, како што најави премиерот Димитар Ковачевски, се очекува меѓу другото да се реафирмира ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.

По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.

Граѓаните, рече премиерот, ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард и обезбедување на сè што треба во време на криза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button