ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Крах на биткоинот – во ноември лани 68.000 долари, денеска 16.600

Крах на биткоинот – во ноември лани 68.000 долари, денеска 16.600

Економската и енергетската криза го погоди и пазарот со криптовалути. Експертите од оваа област велат дека последните случувања го намалиле интересот на луѓето да инвестираат во овие валути и да тргуваат со нив. Поради скапата струја многу е помал бројот на оние кои сакаат да инвестираат во собирање на крипто валути.

„Имајќи ја предвид економската криза, инфлацијата, настаните што се случија, војната, сето тоа како и секој пазар, на пример берзата со различни компании е во пад, бидејќи директно е под влијание на настаните што се случуваат. Тоа влијае и колку можности имаат луѓето да купат такви средства и тоа влијае и на цената бидејќи ако нема купувачи, цената ќе биде пониска“, рече Лукман Муслиу, ИТ експерт.

Муслиу вели дека повеќето од луѓето кои веќе купиле крипто валути сега ги чуваат, не ги продаваат или тргуваат, бидејќи цените се премногу паднати. Во меѓувреме, граѓаните што ги анкетиравме се многу резервирани кон крипто валутите. Некои од нив дури и воопшто не му веруваат на бизнисот со нив.

„Немаме пари, немаме пари за купување“, рече еден граѓанин.

„Ниту сум ги користел, ниту сум користел, нема ништо од тоа. Сето тоа е лага, тоа е нешто што мислиш дека ќе го направиш, но не правиш ништо“, додаде друг граѓанин.

Пред да започне војната во Украина и да се појави енергетската и економската криза, крипто валутите стигнаа енормен раст. Но, во последните шест месеци вредноста на овие валути премногу падна. Во ноември минатата година еден биткоин се продаваше за 68.000 долари. Денеска неговата вредност е 16.600 долари./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button