ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата на Зеќири

Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30 дневниот притвор. Зеќири е од петокот во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Адвокатот на Зеќири рече дека во жалбата ги побива сите основите за одредување на  притворот.

Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал се уште се недостапни за органите на прогонот. Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ кажа дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава.

Од МВР за Алсат велат дека до нив, ниту од Судот ниту од Обвинителството, засега нема пристигнато налог за распишување потерница. Од Обвинителството повторија дека и за нив бараат притвор, но додаваат дека таков налог до МВР треба да испрати Судот. Од Судот пак, појаснувајќи ја процедурата, информираат дека најпрвин треба да добијат официјално известување од полицијата дека не може да ги пронајде, по што би можеле да издадат налог за распишување меѓународна потерница.

Во меѓувреме, истрагата на Обвинителството предводено од Вилма Русковска, во која првоосомничен е поранешниот потпретседател на социјалдемократите, продолжува да биде тема за меѓупартиски препукувања. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори каде завршиле парите, а од СДСМ велат дека прават се за да има независни правосудни органи, какви што претходно немало.

„Ова не е ништо нов, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири. Второ прашање е дали и колку пари  од овие кои ги земал Мухамед Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии“, изјави  Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ (

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, институциите, судството и обвинителството беа под целосна контрола на криминалната врхушка на власта. Наместо да гонат, штитеа криминал. Дополнително, на никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да поднесе оставка, напротив. Сега законите важат за сите подеднакво, без разлика кој на која позиција или функција во одреден момент се наоѓал. Тоа е владеење на право за којашто сите ние се залагавме и правиме се да обезбедиме независни правосудни органи“

Инаку Зеќири заврши во притвор, по сомневањата на Обвинителството соопштија дека тој ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, а со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист. Според информациите, овој договор се однесувал за изработка на физибилити студија за скрининг на работењето на Македонски пошти. /Ачсат.,мк

Лука Андреев 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button