ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Лани е завршена изградбата на 6 301 стан, од кои најмногу се во Скопје

Минатата година биле завршени вкупно 6 301 стан кои се градени од фирми, но и од индивидуалци, се наведува во извештаите објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во 2022 година од фирми што се занимаваат со градежна дејност градени се вкупно 2 519 објекти, а завршени се 3 844 стана од кои 3 714 се во индивидуална сопственост. Вкупната површина на овие станови е 257 085 квадратни метри. Повеќе од половината од завршените станови во 2022 година се во Скопскиот Регион.

Според извештајот на ДЗС, по региони најмногу се градело во Скопскиот, но и во Пелагонискиот и Југозападниот Регион.

Прва општина во Скопскиот Регион со најмногу завршени станови е Аеродром. Во оваа општина  во 53 градежни објекти што се градат завршени се 1 120 стана и сите се во индивидуална сопственост.

На оваа листа втора скопска општина е Гази Баба каде што има 336 завршени стана кои се во 104 градежни објекти кои се градат.

На третото место по број на завршени станови во Скопскиот Регион е Центар. Таму во 2022 година во 107 градежни објекти завршени се 218 стана.

Според извештајот на ДЗС, просечната корисна површина на завршените станови, кои се градени од градежни фирми, е 66,9 квадратни метри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button