ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лекарите од Гостивар: Алармантна состојбата со Ковид-19

Четири лица во Гостивар починаа од вирусот корона, од вчера до денес, а други двајца се во многу критична состојба, велат од гостиварското одделение за заразни болести. Според лекарите, ситуацијата е критична и докторите секојдневно се борат за  спасување на живот на заболените.  Бидејќи Инфективното одделение во Гостивар е полно, отворени се уште две одделенија за лекување на пациенти со КОВИД-19.

„Ситуацијата продолжува да биде алармантна. Одделот е полн со пациенти и излегува од контрола, затоа е крајно загрижувачки. Со медицинскиот персонал еднаш споменав дека сме само тројца лекари и доаѓаме секоја втора ноќ 24 часа да се грижиме, има замор, и со лекари имаме  дефицит“, вели Лирим Беиќир, одделение за инфективни болести Гостивар.

Поради зголемувањето на бројот на заболени од вирусот корона и недостатокот на простор на инфектологија, во болницата во Гостивар, од денес се пуштат во употреба уште две одделенија за лекување на  заразените со вирусот корона, одделот за дијализа и за внатрешни болести.

Слична е состојбата и во Тетово. Вчера беа регистрирани 100 нови случаи, а четири лица починаа. За разлика од Гостивар, во Тетово, според раководството на болницата, има слободни кревети, а во случај на потреба, уште два оддела на болницата ќе бидат достапни за заразените.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button