МАКЕДОНИЈА

Левица: Лидерската средба Заев-Мицкоски ќе биде од корист за Републиката само ако се договори македонска национална платформа

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека ваквата средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на Македонска национална платформа.

Во партиското соопштение меѓудругото се наведува:

Предлагаме оваа Македонска платформа задолжително да ги содржи овие пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи:

  • Се гарантира унитарноста на Република Македонија и се осуетуваат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација;
  • Се потврдува секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања;
  • Се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и ќе се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство;
  • Се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна); и
  • Се става мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, национален идентитет и сл.).
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button