СПОРТФУДБАЛ

Македонија ЃП го брани трофејот, Воска брка историско финале

Воска Спорт ќе се обиде да стигне до прв историски пласман во финалето на Купот на Македонија, а за ривал го има бранителот на трофејот, Македонија ЃП. Во Охрид денеска (15 часот) е закажана првата пресметка.

Двата тима имаат голема мака и околу опстанокот во Првата лига, но за момент ќе се фокусираат на куп-натпреварувањето каде имаат голема шанса да стигнат до завршниот меч за пехарот.

„Лавовите“ знаат како се прави тоа и доаѓаат осоколени по триумфот во Гостивар (1-4) во првенството, додека Воска со Срѓан Захариевски на кормилото ќе даде сѐ од себе за да испише нова клупска историја.

Вчера, Шкупи и Тиквеш на Чаир одиграа 0-0 во првиот меч од втората полуфинална двојка во Купот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button