ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Да не се споделуваат чувствителни информации за убиството на лекарот, велат од Обвинителството

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вели оти не е во можност да сподели информации во врска со убиството на 67-годишниот лекар чие безживотно тело со повеќе убодни рани пред две недели беше пронајдено во автомобил паркиран во близина на поликлиниката „Железара“.

Воздражноста од споделување информации од Обвинителството ја објаснуваат со тоа што сè уште не е откриен сторителот на кривичното дело.

Во таа насока оттаму не ја демантираат ниту, пак, ја потврдуваат информацијата што денеска ја соопшти дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада Митко Бојмацалиев дека лекарот не бил убиен во автомобилот, туку на друго место, а неговото тело било донесено во возилото.

„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, изјави Бојмацалиев за „Слободен печат“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button