ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Македонија, Србија и Албанија утре ќе соопштат дали ќе одат на самитот на ЕУ

Лидерите на Отворен Балкан разговарале за тоа дали ќе патуваат во Брисел на Самитот на ЕУ и Западен Балкан кој се одржува на 23 и 24 јуни. Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави на Инстаграм дека разговарал со премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама и дека се договориле по консултациите со владите и советниците утре напладне да објават дали ќе присуствуваат на самитот.

„Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, за уште поголема соработка и подобро поврзување“, додава Вучиќ.

Тој посочи дека за претстојниот самит преку видео-врска разговарал со Рама и Ковачевски. Вучиќ додаде и дека размениле мислења и за идните чекори на Отворен Балкан и организирање на саем на вино, на кој ќе се соберат најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која ќе разговараат за бројни прашања од интерес на граѓаните на трите земји.

Претставниците на ЕУ, кои го организираат Самитот во Брисел за РСЕ велат дека очекуваат сите поканети да учествуваат на состанокот. Лидерите на шесте земји од Западен Балкан се поканети да присуствуваат на самитот на ЕУ закажан за четврток и петок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button