ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Макканабис“ го повтори повикот за итно усвојување на измени на Законот за наркотици

Здружението „Макканабис“ бара од Владата и од Собранието да направат законски измени што е можно поскоро во Законот за наркотични средства и психотропни супстанции. Според нив, преку сегашниот Закон може да се лекуваат само четири болести со лекови што содржат канабис. Тие бараат покрај ракот, мултиплекс склерозата, епилепсијата и СИДА – та, на списокот да се додадат и други болести, за да не бидат принудени граѓаните да ги купуваат овие лекови на илегален начин. Гордана Трендовска Серафимовска од компанијата за производство на канабис за медицински цели, рече дека лековите од канабис треба да бидат на списокот на Фондот за здравство.

Костадин Дуковски, претседател на „Макканабис“, уште еднаш ги повика пратениците да ги одобрат измените и дополнувањата на Законот за наркотични средства и психотропни супстанции и изрази надеж дека канабисот наскоро ќе биде дел од повеќе индустрии во нашата земја, следејќи го примерот на другите европски земји.

Макканабис повикува на измени што ќе овозможат употреба на марихуана во прехранбени производи за луѓе и животни, како и преработка на канабис во козметички и хигиенски производи.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button