ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Меџити: Предност при вработувањето, за лицата со договор на дело

Меџити: Предност при вработувањето, за лицата со договор на дело

Министерот за здравство Фатмир Меџити  по најавите е за вработување на над 1000 вработени во здравството во јануари, вели дека побарал список на вработените со договор на дело и дека тие ќе имаат предност, но отстапки во процесот се можни.

„Мора да ги почитуваме законите и уставот на државата, ќе се обидеме, јас лично ќе се обврзам и денеска побарав од службите да ми предадат список на сите вработени со договори во државата, да се знае колкав е бројот. Дали сега ќе има некакви отстапки, не можеме да бидеме идеални, тоа може да се случи, но знаете дека не можете никому да му го ускратите правото да се пријави на натпреварот….ќе бидеме многу внимателни, но не знам дали ќе има отстапки, се согласувам со вас, дека можеби ќе има, но ќе се обидеме овие отстапки да бидат минимални“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавените вработувања ги оквалификува како предизборен поткуп и велат дека оваа мерка нема да го ублажи незадоволството на здравствените работници и нема да го спречи нивното заминување.

„По 7 години негрижа за договорните кадри, власта во заминување повторно манипулира за политички поени. Здравствените работници воопшто не се информирани за процедурите и критериумите за вработување, ниту како е дојдено до бројката од 1117 предизборни вработувања објавени на манипулативен начин“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство најави нови вработувања во јануари и нагласи дека ќе има квалитетна систематизација во сите здравствени установи./алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button