ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков донесен на “Тортура”, во публика Ивица Коневски

Сашо Мијалков од затворот Шутка донесен во судница за случајот Тортура кој се однесува за бруталниот начин на апсење на Љубе Бошкоски. Мијалков веќе десет дена е во притвор. Во судница за овој случај како јавност присутно е семејството на Мијалков – сопругата и двата сина. Како јавност, присутен е и Ивица Коневски поранешен градоначалник на Аеродром но и еден од главните иницијатори за организирање вонреден конгрес во ВМРО – ДПМНЕ. На денешното судење за Тортура обвинетите даваат своја одбрана. Освен Сашо Мијалков за бруталното апсење на Бошкоски, обвинети се и пет припадници на единицата Алфи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button