МАКЕДОНИЈА

Мијалков ќе се извлече и од домашен притвор? – Нови детали од одлуката на Судот

Апелациониот суд одлучи да го задолжи Сашо Мијалков редовно да се појавува во судот, а пасошот му е одземен.

Тоа значи дека Мијалков нема да биде ниту во домашен притвор.

Единствена гаранција дека нема да избега е финансиската гаранција од 11 милиони евра.

Жалбата на Јавното обвинителство на одлуката на Апелација за промена на мерката за безбедност не го поништува спроведувањето на одлуката во оваа фаза. Имено и покрај жалбата на Обвинителството, Мијалков ќе излезе од притвор!

Мијалков е во притвор во Затворот Скопје од 26 февруари. Тој е осуден на 12 години затвор за случајот „Таргет – Кала“ за незаконското прислушување и 8 години затвор за случајот „Трезор. На „Титаник 2“ и „Тортура“ им се суди, што е на работ на одлука. Обвинителството на 12 мај годинава поднесе обвинителен акт за случајот „Парцели на Водно“, каде меѓу осомничените е и Мијалков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button