ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Министерот Љупчо Николовски се вознемири од АЛСАТ, па рече…

„Срамота, срамота…!“

Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на Алсат. Побаравме одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.

Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?

„Тоа ќе ги прашате надлежните“, рече Николовски.

Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.

„Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите“, возврати Николовски.

-Ама вие сте во владата втор, трет човек…“

Цената на зејтинот последниве неколку дена повторно урива рекорди. Еден литар во дел од маркетите се продава и по 140 денари, а според информациите, во следниот период се очекува да се продава по уште повисока цена. Маслото за јадење е во групата на основни прехранбени производи, а Владата има за задача секогаш да ги гарантира цените на тие производи. Потврда за раст на цените на месечно ниво даде денеска и Државниот завод за статистика кој објави дека има зголемување од 1,7 отсто на цените на маслото за јадење.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button