ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство и ФЗО веќе работат со потенцијални добавувачи на лекот „трикафта“, вели Ковачевски

Министерството за здравство (МЗ) и Фондот за здравство (ФЗО) заедно со клиниките што се задолжени за пациентитите со цистична фиброза – Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести веќе работат со потенцијални добавувачи на лекот што им е потребен на овие пациенти.

Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој смета дека во периодот што следи пациентите со цистична фиброза ќе го до добијат лекот што им е потребен.

Додаде дека во моментов се работи на законските измени кои треба да ѝ овозможат на државата лекот „трикафта“ да го купи директно од производителот, за истиот да биде набавен по пониска цена, а не по цената од 330 илјади евра по која се продава во моментов.

„Парите веќе се наменски определени, тие се доделени на Фондот за здравство кои потоа оттаму се префрлаат во клиниките што потоа го купуваат лекот и каде што се лекуваат пациентите“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button