ВЕСТИСВЕТ

Мишел: ЕУ ќе воведе санкции кон иранските производители на дронови и проектили

Лидерите на Европската Унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите за иранските производители на беспилотни летала и проектили по невидениот напад на Техеран врз Израел.

„Одлучивме да воведеме санкции против Иран, тоа е јасен сигнал што сакавме да го испратиме. Идејата е да се таргетираат компаниите што се производители на беспилотните летала и ракети“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по завршувањето на првиот ден од дводневниот Специјален самит на Унијата што се одржува во Брисел.

Според Мишел, Иран претставува закана за целиот регион не само за Израел, па затоа е многу важно со регионалните партнери ЕУ да обезбеди негова целосна изолација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button