МАКЕДОНИЈА

Митрески: Сите координатори ставија потпис на предлозите за фингерпринт и за одложување на локалните избори

За Изборниот законик, како и за одложувањето на локалните избори треба да има консензус и предлогот веќе е пуштен со потпис од сите координатори, меѓу кои и потписите на Алтернатива и Алијанса, рече во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, Јован Митрески од СДСМ.

„Тој консензус, во врска со фингерпринтот и одложувањето на локалните избори во втора половина, што беше вчера кажано од двајцата претседатели, веќе денес е пуштен во процедура со потпис од сите координатори…, со потпис и на координаторот на Алтернатива и Алијанса, како консензус и во смисла на фингерпринтот, но и она што произлезе од лидерската средба – локалните избори да се одржат во втората половина на октомври“, рече Митрески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button