ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски без коментар за случувањата на ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сака да ги коментира превирањата во ДУИ. Во одговор на новинарско прашање, тој денеска кажа дека тоа се нивни внатрешни работи и оти тој само посакува квалитетна политичка дебата.

“Jас не би сакал да ги коментирам работите кои се внатрешни во политичките партии, тие се нивни внатрешни работи, јас само посакувам да имаме квалитетна политичка дебата со која што Македонија ќе  оди напред, а граѓаните да имат надеж дека ќе имаат убава иднина“, рече Мицкоски.

Потсетуваме дека во ДУИ има несогласувања меѓу функционерите откако дел од нив преку заедничко писмо изразија револт од политиката на партијата./Алсат.мк

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button