ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ да се обедини против бугарската агресија врз Македонија

На 22 мај нема да има заедничка владина конференција меѓу Македонија и Бугарија. Ова го вели премиерот Димитар Ковачевски, а причината за тоа било неусогласување на агендата меѓу двете земји. Ковачевски го потврди ставот дека решение меѓу двете земји ќе има само врз основа на европски вредности со кои ќе се задржи достоинството на граѓаните на Македонија и Бугарија и кое ќе покаже меѓусебна почит меѓу политичарите и институциите.

„Сè додека нема такво решение коешто се базира на тие вредности и коешто е изградено на принципите на коишто ги кажав, тогаш нема да има решение. Во моментов како и во претходниот период Министерството за надворешни работи разменуваат идеи меѓусебе, како што било и во претходниот период, меѓутоа нема усогласно заедничко решение кое може да биде основа, прво за меѓусебен договор и второ за споделување со институциите во државата, во едната и во другата…“, изјави Димитар Ковачевски, премиер

Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета нема да има достоинствен договор меѓу Македонија и Бугарија за соседот да го крене ветото и земјава да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„Или ќе бидеме понижени и омаловажени од страна хегемонистичките барања на нашиот источен сосед или нема да биде тргнато ветото. И тоа е еве моја позиција, позиција на ВМРО – ДПМНЕ. И повторно ја користам оваа прилика да упатам порака до Европа, Европската Унија: Исто така како што се обединети околу руската агресија во Украина да бидат обединети околу политичката агресија на Бугарија врз Македонија и да ни дозволи да ги почнеме тие преговори без било какави условувања…“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ

Но и покрај ваквите песимистички очекувања од политичкиот и партиски врв во Скопје, почесниот претседател на партијата ВМРО во Бугарија, Красимир Каракачанов, тврди дека околу 24 мај Владата предводена од премиерот Кирил Петков подготвувала национално предавство. /Алсат.мк

Игор Стефановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button