ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР со осуда за „Македонија е Бугарија“

МНР со осуда за „Македонија е Бугарија“

Еден ден по паролите против Македонија во бугарскиот Парламент, МНР го осуди чинот на дел од бугарските пратеници. Врачи и вербална нота до бугарското Министерство за надворешни работи и побара да го осуди тоа што во парламентарниот дом дел од пратениците држеа натписи „Македонија е Бугарија“.

„Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава“, реагираа од МНР.

Натписите, „Македонија е Бугарија“ ги држеа главно пратеници од проруската партија Преродба. Беа предупредени дека ќе бидат отстранети од седницата, по што ги повлекоа натписите. Но, лидерот на партијата Преродба од собраниска говорница кажа зошто не треба Бугарија да го крене ветото кон Македонија.

„Иднината на Бугарија и Македонија неспорно е една. Но, тоа е една заедничка држава, господине Иванов. Затоа треба да се бориме сите ние, затоа ви го дадов примерот од 25 мај 1941 година. Една заедничка држава, обединета Бугарија со Македонија, а не членство во ЕУ. Тоа нема да ни го реши проблемот. Зашто ако Македонија влезе во тој свет, тогаш македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ. И кога некој од нас ќе почне да зборува на дијалект, ќе треба да објаснуваме дека тоа не е бугарски, туку е македонски“, рече Костадин Костадинов, претседател на партијата Преродба.

МНР ја осуди и оваа изјава. Овие настани се случија вчера во бугарскиот Парламент пред гласањето на францускиот предлог за можно одблокирање на евроинтеграциите на Македонија. Предлогот беше изгласан, но откако претходно беа додадени четири амандмани.

Еден од нив е да се внесе билатералниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство во Преговарачката рамка со Унијата, што Скопје го отфрли зашто смета дека на тој начин Бугарија ќе продолжи да го поставува ветото. Друг амандман пак, се однесуваше на македонскиот јазик, односно дека Софија во ниту еден момент при преговорите, нема да го признава дека постои./Alsat.mk

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button