ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На граница со Косово, граѓаните на Македонија во „рикверц“, Косовците кај нас на кафе

Граѓаните на С. Македонија се враќаат на граничните премини со Косово.

„Има одлука во Косово дека не дозволуваат без три дози. Но, ќе се обидам, ќе видам, ако можам да излезам, добро“, вели еден граѓанин.

Сите лица кои не ги исполнуваат условите од денеска не можат да влезат на територијата на Косово.

Нашите граѓани за влез на територијата на Косово од полноќ се обврзани да прикажат три дози вакцини или две вакцини и негативен ПЦР тест кој по редовна цена чини 25 евра.

Оваа одлука на Владата во Приштина ги револтираше граѓаните. Велат дека не можеле навреме да се информираат бидејќи одлуката била донесена многу брзо.

„Нè вратија бидејќи бараат трета вакцина, имаме две, но тоа не е нормално, со две вакцини патуваме низ цела Европа, но што да се прави“…

„Ова најмногу го кочи населението, примивме две дози и повторно ни бараат тест, ова е само бизнис. Ако нè пуштат – добро, ако не, ќе се вратиме бидејќи немавме никакви информации“, велат граѓаните.

Од друга страна, за влезот во Македонија имаше колони автомобили со косовски државјани. Некои од нив не знаеле дека за враќање во Косово и тие ќе треба да достават ПЦР тест доколку имаат две дози. На тој начин трошокот за четиричлено семејство ќе биде минимум 100 евра само за тест.

Од мерката на косовските власти се изземени странските државјани кои само транзитираат во рок од три часа, како и лицата помлади од 12 години. Од друга страна, СЗО побара олеснување на мерките за транзит во сите земји. Некои од државите сега одлучија да ги укинат ограничувањата, како што е Велика Британија каде од 27 јануари ќе се укине задолжителната употреба на маски, како и вакциналните пасоши. Се очекува овој пример да го следат Шпанија и неколку други земји од ЕУ кои ќе ја укинат задолжителната изолација.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button