ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Насер Зибери не му се зборува за новата фотелја што го чека

Кандидатот за народен правобранител Насер Зибери не го коментира неговиот избор од парламентарното мнозинство за оваа позиција. Алсат му постави неколку прашања:

Прашања

  • Колку ќе можете да ги браните интересите на граѓаните пред институциите кога пред неколку месеци бевте кандидат за премиер на владејачката политичка партија?
  • Дали вашиот избор беше договорен веднаш по изборите за што медиумите тогаш известуваа?

Зибери рече дека ќе одговори на овие прашања откако ќе биде избран, одбивајќи да зборува. Парламентарното мнозинство е убедено дека Зибери е аполитичка фигура, иако на последните избори беше клучна фигура во кампањата на ДУИ.

За албанската опозиција, изборот на исполитизирана фигура на чело на институција што треба да ги штити граѓаните од неправди токму од државните институции е неприфатливо.

„Имаме предлог за кандидат кој пред не повеќе од шест месеци беше кандидат за премиер од политичка партија. Главната дилема е што ќе брани овој народен правобранител? Очекуваме народен правобранител предложен од власта да го штити граѓанинот кога неговото право ќе го повреди токму власта. Не можеме да толерираме избор на човек на позиција на ваква важна институција во синџирот на правда преку многу нетранспарентна постапка.“

ВМРО-ДПМНЕ денеска не коментираше, меѓутоа не гласаше за предлогот на Комисијата за избори и именувања Зибери да биде избран за нов народен правобранител. Предлогот на Комисијата мора да биде усвоен на пленарна седница. Народниот правобранител има мандат од осум години, со право на реизбор.

Fatlume Dervishi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button