ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На помалку од пет дена до Советот на министри на ЕУ, се уште неизвесно дали ќе ги почнеме преговорите

Правиме напори и ќе дадеме се до последен момент од нашата страна за да се најде решение, но секако има работи за кои што никаде во светот не се преговара, ниту кај нас. Нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа. Оваа вчерашна изјава на премиерот Зоран Заев ги одредува нашите позиции во разговорите со Бугарија што се очекува да финишираат пред вторник, 17 ноември, кога треба да се одржи седницата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на која се очекува одлука дали и кога земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ. Сепак, Заев уште еднаш кажа дека е можно да не се постигне решение за условувањата на Бугарија и да не се одржи Меѓувладината конфернција со ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button