ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најмногу ученици се пријавиле да полагаат англиски јазик

Пополнетите тестови беа доставени до канцеларијата за да бидат спакувани.

По проверка од управата, ќе бидат доставени на контрола до Државниот испитен центар.  Ваква процедура се следеше во сите средни училишта каде се одвиваше екстерното тестирање на вториот дел од државната матура во земјава. Од вкупно 15.899 ученици, 14.320 се пријавиле за англиски јазик, 1.231 математика, 118 за германски, 30 за француски, 10 за руски, 15 за филозофија и 100 за естетика. Од гимназијата „Зеф Луш Марку“ рекоа дека интересот на учениците е над 90 отсто за тестирање по англиски јазик.

„Денеска во нашето училиште учениците се тестираат за англиски и германски јазик, 430 се тестираат за англиски јазик додека на германски се тестираат само 3 ученици. Процесот го надгледуваат набљудувачи на Министерството за образование, имаме и административци од другите училишта во државата. Нашите наставници не се присутни во нашето училиште, туку се испратени како администратори во други училишта,“ рече Фарук Зеќири, директор на гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје.

Резултатите од двата екстерни испити треба да се објават најдоцна во рок од 30 дена. Оние кои нема да ја положат државната матура, ќе имаат втора шанса на  сесијата во август кога ќе се полагат двата екстерни испити на 10-ти и 12-ти август. Но, директорот на СОУ „Арсени Јовков“ рече дека нема поплаки од учениците за прашањата формулирани на испитите.

„Нашето училиште има 284 ученици кои ќе бидат тестирани. Сè е во ред, чекаме да завршиме, некои завршија, други чекаат да излезат. Прашањата се формулирани и одговорите се приспособени на материјалот, зборувам за англискиот јазик, никој немал поплаки,” рече Халит Лита, помошник директор на СОУ „Арсени Јовков“

 Првиот испит, Мајчин јазик и книжевност, кој е задолжителен, матурантите го завршија на 4 јуни.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button