ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во политиката во земјава доминираат мажи

Во политиката во земјава претежно доминираат мажи. Мажите доминираат на клучните лидерски позиции во земјата, како во извршната, така и во законодавната власт и на партиско ниво. Од 21 Комисии во Собрание, само со 4 од нив раководат жени. Во делегациите во повеќето случаи доминираат мажите. Гордана Силјановска, пратеничка вели дека доколку се очекува спонтано надминување на овој проблем, ќе бидат потребни уште 100 години и повторно ќе се направат минимални промени.

Германската амбасадорка во земјава Холштајн рече дека Македонија даде два негативни примери во однос на застапеноста на жените.

„Имавме негативен пример, кога жените на првиот форум во Преспа беа драстично помалку застапени. Уште полошо беше на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор. Каде што г-ѓа Шеќеринска беше единствената жена. Се надеваме дека ситуацијата на следниот форум во Преспа ќе се подобри. Од 81 општина, само две се раководени од жени“, рече Анке Холштајн, германска амбасадорка во Македонија.

Елефтерија Катчи, од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, е оптимист дека ќе се подобри  положбата на жената во политиката, но додава дека стереотипите во земјата создаваат многу бариери.

„Во Северна Македонија состојбата на жените во политиката се подобрува, со партиите посветени на квотата за застапеност на жените во политиката. Сепак, нарушената перцепција за вклученоста на жените во политиката и стереотипите продолжуваат да играат голема улога во земјата и тоа создава значителни бариери. Затоа, можеме да кажеме дека родовата еднаквост е во центарот на креирањето на јавните политики и нашите закони, но и во срцето на нашето општество,” рече Елефтерија Катчи – Центар за европски студии Вилфред Мартенс.

На панел дискусијата „Промовирање на женското лидерство и учество на жените во политиката и демократијата“ организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, беше и една од градоначалничките на двете општини предводени од жени, Данела Арсовска.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button