ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најстудено утрово на Попова Шапка

Најниска темепратура утрово во земјава е измеренеа на Попова Шапка од -3 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, следат Маврови Анови, Тетово, Штип, Струмица со -2 степена,  -1 Крушево, нула степени во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар, Скопје – Петровец, 1 Крива Паланка,  Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, 6 Дојран, 8 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 7 часот утрово од еден литар на метар квадратен е изменерен само во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, температурите само понекаде ќе се спуштат до 0°С. и ќе има услови за појава на магла во котлините. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до краткотрајно умерена облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button