ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Нападната медицинска сестра во болницата во Струга

Нападната медицинска сестра во болницата во Струга

Дваесет и три годишна медицинска сестра во хируршкото одделение во струшката болница,физички е нападната од 52 годишен жител на селото Велешта на своето работно место, откако таа побарала од него да ја изгаси цигарата.

„Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал. Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден“, велат од Основно јавно обвинителство.

Поради опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста да го повтори делото, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор. Полицијата против него поднесе соодветна пријава.

Пред десет дена на истото одделение неколку медицински сестри и лекар беа нападнати од лице кое насилно влегло во објектот, откако претходно ги искршил прозорецот и вратата.

„Имаше физички контакт со личноста. Јас се борев со него и мораше и да се заштитам. Ние во оддлението често разговараме со колегите дека не сме безбедни. Да не зборувам за вербални конфликти со луѓето, туку колегите неколку пати имале и физички напади од блиски лица на пациентите”, рече Илми Речи- хирург.

„Добро е да имаме луѓе кои ќе се грижат за редот, но за јавните установи надлежна е полицијата. Ама, додека ние повикаме полицијата поминуваат 10-15 минути додека дојдат“, изјави Златко Лазаревски-лекар.

Во болницата во Струга нема 24 часовно физичко обезбедување. Директорот Арменд Арслани не одговараше на повиците на Алсат за да каже дали после овој инцидент ќе преземат мерки за да се заштитат вработените. /Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button