ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нарко групата од Грчец призна вина

Нарко групата од Грчец призна вина и се спогоди со обвинителството за организиран криминал и корупција. Денеска обвинителството соопшти дека откако седуммината обвиенти за трговија со дрога увиделе какви докази има против нив, тие одлучиле да се договорат, а судот ги проглси за виновни. Едно лице е осудено на пет години затвор, двајца на по три години и шест месеци и четворица добија по три години затвор.

Претходно, вина признаа уште седум лица или вкупно 14 припадници на групата од Грчец и се договорија со државата да признаат дека биле дел од организирана група која тргува со наркотици. Акцијата „Палнина“ полицијата ја спроведе на крајот од март годинава. Но, обвинителството информираше дека акцијата била пробиена, а главните нарко босови не биле уапсени. МВР распиша меѓународни потерници против шест лица кои избегаа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button