ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наставниците на протест, бараат повеќе пари и да не се спојуваат предметите

Независниот синдикат за образование, наука и култура и понатаму остро се спротивставува на реформите во образованието, особено спојувањето на некои предмети. На протест пред Собранието и Министерството за образование денеска беше речено дека вработените во образованието се претвораат во општи работници со тоа што се принудени да предаваат предмети за кои не се соодветни. Според новиот наставен концепт се предвидува историјата и географијата да бидат интегрирани во природните науки заедно со хемија, физика и биологија.

Самир Мемети, наставник по историја, рече дека овие промени го поткопуваат професионалниот интегритет на вработените во образованието. Заедно со другите наставници, тој рече дека секоја реформа која била спроведена досега, била еднострана.

„Реформите не можат да бидат еднострани и без консензус со оние кои се директно вклучени во образовниот процес, не можат да се направат такви реформи. Да ги нема предметите историја или географија… Каква цел можеме да постигнеме со таква реформа? Не сум запознаен во детали и не можам да кажам како можам да го реализирам тоа. Само оние кои го донесоа знаат. Не знам како може да се постигне тоа“, вели наставникот Мемети.

Освен што се противат на спојување на предметите, вработените во образованието бараат и зголемување на платите бидејќи, како што велат, имаат пониски плати од просечната.

„Растот да, беше во ред, но со зголемувањето на животниот стандард во сите области во нашата земја, платите на наставниците останаа под просечната плата. Просечната плата стигна околу 34 илјади денари, Владата тврди над 36 или 37, а платите на наставниците се меѓу минималните. Ова е првпат да се случи кај нас“, рече Агим Ријани, наставник.

Независниот синдикат најави построги форми на отпор ако власта не направи промени во новиот наставен концепт.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button