ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неколку активни и опасни пожари низ Македонија

Гори на три локации во државава. Во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селата Барово и Вешје во оштина Демир Капија, како и во селото Горно Мелничани во Дебар.

 „Пожарот во селото Раовиќ во општина Сарај, според Центарот за управување со кризи, може да се разгори. На тешко пристапниот терен присутни се педесетина припадници на МВР и француски експерти во гаснење на пожари.“

Преку дрон со термални камери француските експерти проверуваат каде има жаришта на пожарот во Сарај за да може да се стави под контрола. Иако се интервенира на овој пожар, сепак жарта што тлее во корењата на дрвјата остава можност тој повторно да се активира.

„Вчера, во попладнивните часови на пожарот кај село Раовиќ, општина Сарај, додје до негово разгорување, каде во еден момент се гледаат 10 жаришта на линија од два километри и едно одделно жариште на 5 – 6  километри од останатите жаришта. Утрово пожарот чади на повеќе места со можност да се разгори и истиот се простира од село Буковиќ кон село Чајлане и Матка… Во моментов немам таква инфомација дека некој пожар е додјен до одредени објекти или до самото село“, рече Надица В’чкова, портпарол на ЦУК.

Сува трева и нискостеблеста шума на тешко пристапен терен гори меѓу селата Барово и Вешје лоцарни меѓу Кавадарци, Демир Капија и Неготино. Пожарот, според ЦУК, се шири на повеќе кратци, а огнен крак е проширен и кон високораминаната Витачево. На терен во помош на гаснењето на поажрот се пристутни околу 60 припадници на полицијата, 50 на армијата, заедно со силите на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Национални шуми, како и пожарните и комуналните претпријатија од Демир Капија, Неготино, Кавадрци и Валандово. Вчеравечер францускиот експертски тим во Барово создаде контра пожар за селото да има безбендосна одбранбена линија. Гори и во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа. Зафатена е букова шума, а во гаснењето на пожарот се интервенираше до два часот наутро. Од утринава огнот го гаснат пожарникари, вработени во Шумско стопанство Стогово, припадници од полициијата во Дебар, како и вработени од општина Центар Жупа. Инаку, пожарите што со денови беснееја се ставени под кон трола. Огнените стихии опустошуја илјадници хектари шума. Допрва ќе се проценува колкава е штетата. Изгорениот терен ќе се чисти, па повтоно ќе се пошуми. Според првичните проценки, во пожарите во најголем дел изгорела борова шума, но и помали делови со даб и смрека, на површина од 10.000 хектари. Според законските обврски, во наредните две години ќе треба да се пошуми целата изгорена површина, за во наредните 20 до 50 години таа да се врати во состојбата пред пожарите.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button