ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невладина 02: Стоп за регистрација на возила со странски таблички

Еколошките здруженија сметаат дека не е добра идејата на владата за легализација на автомобилите со странски регистарски таблички. Од коалицијата О2 велат дека со тој потег власта ќе ги поддржела граѓаните кои ги „исчистиле“ плацевите со автомобили од Европа и во Македонија увезле дизел возила кои не смеат да се возат во високоразвиените земји. Екологистите и порачуваат на Владат, да не мисли само на пари бидејќи најприоритетно треба да биде здравјето на граѓаните.

„И додека Европа оди кон целосна забрана на дизел и бензин возилата, оди кон електрични, возила на водород, ние ќе увезуваме бугарски крш на нашите улици и повторно загадувањето на воздухот ќе падне во сенка на некакво моментално полнење на буџетот.“

Од Владата пак ги отфрлаат обвинувањата на екологистите. Нивните податоци покажуваат дека возниот парк во земјава е далеку „подмладен“ во однос на ситуацијата која беше пред десетина години.

„Наметнувањето на критериумот еуро 4 да биде стандард за моторите сепак е во насока на тоа да нема простор за стари возила кои на било кој начин би влиаеле на квалитетот на воздухот.

Информациите се дека возила со странски регистарски таблички ќе може да се легализираат или префрлат на македонски таблички внесени во државата до први октомври 2020 година. Власта подготви закон кој треба да ги помине собраниските филтри па граѓаните кои имаат возила со странски таблички ќе имаат една година можност да ги регистрираат во земјава за 50 отсто пониска цена од вообичаената. Засега не се знае колку такви возила има во Македонија, но владата очекува по овој основ во државната каса да се соберат од 20 до 30 милиони евра.

Ile PEtrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button