МАКЕДОНИЈА

Николоски кажа какви гаранции треба да бараме од Бугарија

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат говорејќи за проблемот со Бугарија рече дека Македонија не треба да направи никакви отстапки кон Софија сѐ додека од таму не дојдат писмени гаранции дека барањата нема да одат до недоглед.

„Во Бугарија влади се менуваат, стратегијата останува. Ако некој малку избега го враќаат на колосек и дури и јавно, еве на Петков му кажаа – ако ја промениш политиката кон Македонија нема да си премиер… Еден од начините да се реши проблемот е со цврсти гаранции, не само на писмено, туку и со одлука на бугарското Национално собрание дека нема да има повеќе барања во однос на Македонија. Сѐ додека не добиеме гаранции од Бугарија не смееме да направиме ниту еден чекор“, вели Николоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button