МАКЕДОНИЈА

Николоски: За првпат во историјата, нема комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека комуникацијата помеѓу партијата што ја претставува и владејачката СДСМ за првпат во историјата на Македонија немаат меѓусебна комуникација.

„Самиот нов премиер рече дека сака комуникација со ВМРО-ДПМНЕ и тој беше тој кој во јавност рече дека ќе понуди лидерска средба. Да знае јавноста, од тогаш до сега нема комуникација. Ова е првпат во историја на Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да немаат никаква комуникација. Ниту официјална, ниту неофицијална“, вели Николоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button