ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Николов за новиот закон за минерални суровини: Транспарентна постапка со вклученост на сите заинтересирани страни

Проблематично во новиот закон за минерални суровини за Николајчо Николов, од Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора се концесиите кои, како што вели Николов, кога се доделуваат набрзина предизвикуваат реакција од локалното население.

„Таков е случајот со Лабуништа, од каде можеби потекна менување на законот по скратена постапка иако е мошне сложен и има 145 члена. Ние се залагаме за транспарентност и со присуство на сите заинтересирани страни да донесеме добар закон“, вели Николов во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button