СВЕТ

Нов рекорд на бројот на заболени од корона во Германија

Германија забележа рекордно дневно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, со нови 6.638 инфекции.

Вкупниот број на случаи сега е 341.223, покажаа денес податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести, пренесува Ројтерс. Вкупниот број на случаи сега е 341.223, покажаа денес податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести, пренесува Ројтерс.

Претходниот дневен рекорд на Германија беше 6.294 и беше поставен на 28 март, според РКИ.

Според најновите податоци, пријавениот број на починати се зголемил за 33 на 9.710.

Според европските стандарди, Германија досега имаше релативно ниска стапка на инфекција и стапка на смртност за време на пандемијата, но новите дневни случаи скокнаа во последните неколку недели, а канцеларката Ангела Меркел предупреди дека може да има 19.200 инфекции на ден доколку сегашниот тренд продолжи.

Вчера Меркел и премиерите на 16 провинции се договорија да ги заострат мерките поврзани со задолжителното носење маски и да ги затворат областите каде што е забележано ширење на вирусот.

„Она што ќе го направиме во наредните денови и недели ќе биде одлучувачко за тоа како ќе поминеме низ пандемијата“, рече Меркел на прес-конференција по состанокот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button