ВЕСТИСВЕТ

Германските лидери утре на средба ќе договараат нови мерки во земјата

Како и другите европски земји и Германија е на работ да загуби контрола над вирусот. Наместо во петок, лидерите на 16-те германски држави ќе се состанат утре за да се договорат за нови мерки. Иако Германија е релативно добро во споредба со другите, ситуацијата излезе од контрола.

Ни претстојат многу, многу тешки месеци, ги предупреди германската канцеларка Ангела Меркел своите партиски колеги во неделата вечер, објави Билд.

„Немам добро чувство за моменталната состојба, нема да може да продолжиме вака“, рече Меркел.

Одлуката за заклучување виси во воздухот. Во понеделникот наутро беа објавени податоци за 8.685 новоинфицирани лица за 24 часа: претходниот понеделник имаше 4.325 лица.Во саботата имаше рекордни 14.714 заразени лица. Слично е и во Франција, Италија, Холандија, Чешка, Австрија, Словенија, Белгија, Шпанија: за десет дена бројот на заразени е двојно зголемен, бројките се рекордни, се најавува заострување на мерките каде веќе е во сила заклучувањето.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button