ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нова сезона со раскопан автопат кон Охрид

Нова сезона со раскопан автопат кон Охрид

Во пресрет на новата туристичка сезона, гостите во Охридско-струшкиот регион повторно ќе патуваат по прашина, неизграден автопат и покрај градежни активности. Истото ќе го гледаат и оние кои ќе допатуваат со авион затоа што како градилиште изгледа и пристапот кон Охрид. Од туристичкиот сектор се жалат дека државата цела деценија ги срами пред странските гости. Некои и самите се сведоци за бавната изградба на патната инфраструктура.

„Посебно да се обрне внимание од делницата аеродром Охрид до Охрид. Тоа до сезоната мора да биде завршено бидејќи веќе не знаеме што да им кажуваме на туристите. Има гости кои биле тука пред 4-5 години и доаѓаат повторно и кога ќе им кажеме моментално се гради, тие велат – па, ова се градеше кога бевме и пред 4-5 години. Таа приказна не поминува“, рече Јаким Маленко-туристички работник.

Низ прашина и градежни машини во Охрид пристигнуваат и гостите кои на одмор доаѓаат со чартер летови доаѓаат од Полска, Холандија, Белгија, Англија и други земји. Заменик-градоначалникот на Охрид обвинува дека самата централна власт предизвикува штети во туризмот.

„Главна одлика им е нефункционалноста и експерти се за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра. За пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа. Потрошија два мандата и не можеа да го довршат. Не реализираа ниту 20% дополнителна градба…“, нагласи Перчо Божиноски-заменик градоначалник на Охрид.

Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во 2014 година. Неколку рокови до сега беа пробиени. Последниот беше 31 декември 2023 година. Откако власта донесе одлука за ново продолжување на рокот, не се реши да соопшти нов датум до кога би завршиле работите./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button