ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од јуни струјата можеби поскапа за 10%

Од јуни струјата можеби поскапа за 10%

Сметките за струја би се зголемиле за најмалку 10 проценти од следниот месец поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините, велат од Регулаторната комисија. Првиот човек на регулаторна, Марко Бислимовски вели дека уште не започнат процесот на пресметка на трошоците кои ги пријавиле енергетските компании за новата цена, а веќе се гледаат зголемени трошоци. Според него, за општините да ги намалат трошоците за улично осветлување, формирале јавни претпријатија. Преку нив цената на струјата ја плаќале како домаќинства. Купувале струја од Универзалниот снабдувач ЕВН, а не на слободниот пазар. Но, ЕВН немала доволно струја за оваа намена и ја купувала на слободниот пазар за висока цена.

„Заради некоректен однос на повеќе општини од државата коишто измислуваат јавни комунални претпријатија коишто не ги исполнуваат условите за да одат на слободен пазар за да го намалат трошокот за улично осветлување, направен е тотално непотребен трошок за набавка на електрична енергија од 30 милиони евра….“, изјави Марко Бислимовски- Претседател на РКЕ.

ЕВН овие 30 милиони ги презентирале пред Регулаторна како трошоци.

„Тој трошок од 30 милиони евра значи 10 проценти зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните“, рече Марко Бислимовски- Претседател на РКЕ.

Освен МЕПСО, останатите енергетски компании веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторот. Најголемо влијание за тоа колку ќе плаќаат граѓаните зависи каква понуда ќе достави ЕСМ. Во меѓувреме, од РКЕ го кројат и новиот тарифник од јули со кои големите потрошувачи ќе плаќаат повеќе.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button