ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од пред два дена требаше да стартува Законот со кој ќе се ограничеше употребата на пластични ќесиња

За почетокот на 2021 година се најави, но не се забрани продажбата на најлонските ќесиња. Нив требаше да ги заменат биоразградливи ќеси кои што треба да се продаваат по 10 денари. Ова е предвидено во предложеното законско решение за управување со пакување и отпад. Сепак, овој Закон во Владата беше усвоен пред две недели, но не влезе во Собранието.

Денеска „Иницијативата за забрана на пластични ќесиња“ реагираше дека ова е уште едно неисполнето ветување од Министерството за животна средина. Бараат побрзо да се донесе законската забрана за продажба на пластични ќесиња.

„Стандардите за забрана на пластичните ќеси да бидат зајакнати. Исто така нагласуваме дека Министерството за животна средина не смее повторно да си го дозволи луксузот, по донесување на новиот Закон, со подзаконски акт да ја поткопува законската забрана на пластичните кеси. Заштитата на околината и природата не е луксуз, туку нужен предуслов за квалитетен живот. Загадувањето со пластика е потценет, но реален проблем“, велат од таму.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, пред повеќе од една година најави дека од први јануари 2021 година нема да се продаваат пластичните ќесиња. Идејата беше граѓаните со платнени торби да пазаруваат за да не се загадува околината.

„Ова е мерка што сите треба да ја прифатиме и ќе треба да се навикнеме на тоа, за да се преземе одговорноста од страна на сите страни. Идејата е да се покачи цената со цел граѓаните да се стимулираат и да носат друг вид на торби од дома, да не мора да купуваат пластични ќеси“, велеше министерот Нуредини.

Според анализите, годишно во земјава се употребуваат околу 150 милиони ќесиња или близу 2.000 тони пластика која најтешко се разградува и уништува.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button