ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од среда се очекува ново олеснување на рестрикциите и пократок полициски час

Министерството за здравство предложи олеснување на рестриктивните мерки од среда. На владината седница утре треба да се одлучи дали забраната за движење да почнува од 23 часот наместо од 21 како што е сега. Според најавата на министерот Филипче, кафулињата би биле отворени до 22:30, но само надворешните простории.

Врз основа на нашиот предлог, Кризниот штаб се согласи Владата да ги одобри мерките за ограничување на движењето почнувајќи од 23:00 до 5:00 часот наутро. Угостителските објекти да работат само во отворени простории како што се терасите, до 22:30 часот – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Додека мерките дополнително се олабавуваат, според епидемиолошката состојба, опаѓа бројот на нови позитивни случаи во текот на целата измината седмица. Но, извештаите на Институтот за јавно здравје покажуваат дека бројот на смртни случаи останува загрижувачки.

„Смртноста останува висока, но не и броевите како што се пријавува на дневна основа. На пример, во последните три дена пријавено е дека починале 118 пациенти од Ковид-19. Но, ако ја погледнеме деталната анализа, 44 од нив починале во текот на април, но не биле идентификувани на време од приватните клиники како пациенти кои починале од корона“.

Бројот на активни случаи актуелно е над 14.200. Од нив, 1.085 се лекуваат во ковид центрите или на клиниките за инфективни болести ширум земјата, а слободни се 757 кревети.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button